Секој родител сака да му обезбеди повеќе на своето дете. Со самото станување родител, нашата одоговорност се зголемува, притоа треба да имаме долгорочен план за финансиската сигурност за детето и неговата иднина. Притоа, секако е потребно да го научиме детето што значат парите и дека треба да има правилен однос со нив.

Како најлесно да му помогнете и да го насочите вашето дете како се користат пари?
Пред сѐ, научете го вашето дете што значи да се користат парите паметно, да штеди и на вистински начин да го вреднува она што го поседува.
Утврдете одредена сума на џепарлак кога ќе дојде до соодветната возраст
Со оваа постапка, вашето дете ќе знае дека добива одредена сума и ќе треба одговорно да ја користи за секојдневни или поголеми желби. Важно е да му објасните дека тој џепарлак е лично негов, а со тоа ќе ги имате на ум и неговите потрошувачки навики, но и неговата доверба
Купете му касичка, или заедно купете ја
Со ова му давате на детето одреден вид задача, која потенцијално би значела собрани пари во иднина и можност да си одбере нешто за кое самото дете успеало да собере средства, а самодовербата после тоа ќе му биде зголемена.

Отворете детска штедна книшка.
Оваа банковна услуга е одличен начин за долгорочен влог во финансиската иднина на вашето дете. Со одлични услови, примерот на Халки, детскиот депозит за штедење, „Халкбанк“ АД Скопје ви нуди добра можност да го направите ова уште денес.
Научете го детето да плаќа само.
Кога одите во маркет, продавница за играчки… Дајте му на детето пари за да ја плати сметката. На овој начин, го учите детето да создава однос со парите и со она што го купува и го плаќа, а и да знае ако треба да добие кусур. Создајте му на детето ситуација во која ќе ги научи и разликува типовите банкноти што ги нема видено и да ја знае нивната вредност.
Кога треба – кажете „не“

Без оглед колку заработувате, важно е да му кажете некогаш „не“ на вашето дете, затоа што едноставно, не може секогаш да се трошат пари за сѐ. Поттикнувајте го да штеди или да направи план што му е најпотребно во мигот. Секогаш оставајте го да има избор, но не и да претерува.
Со овие пет насоки, успешно ќе можете да го насочите вашето дете што значи да се раководи со пари, но ќе имате и можност да заштедите средства, кои ќе ги намените за неговото образование, патувања или остварување на соништата.