Пет можни замени за Кристијано Роналдо во Јувентус

Португалската ѕвезда Роналдо е летна желба на„граѓаните“/Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Португалскиот репрезентативен напаѓач, Кристијано Роналдо најверојатно ќе го напушти клубот од Торино ова лето, пренесува шпанската „Марка“.

Времето Роналдо во Јувентус се чини дека завршува летово, а Португалецот се очекува да се раздели со „Старата дама“ по тригодишен престој во Серија А.

Со оглед и на пандемијата со коронавирусот која влијаеше на економски план во фудбалските клубови, и не се вртат премногу пари на трансфер пазарот годинава, „Марка“ одвои пет имиња кои би можеле да го заменат Роналдо во редовите на Јуве.

1. Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд)

– Очигледен кандидат за кој било клуб на кој му треба напаѓач ова лето, но нема да биде лесно да се обезбедат услугите на Норвежанецот. Тој ја „затвори“ вратата за преселба во Баерн Минхен, се шпекулира дека поголеми се шансите да направи трансфер во Реал Мадрид или Премиер лигата, но Јувентус може да влезе во сериозна трка и со овој играч се врати на врвот во Италија.

2. Хари Кејн (Тотенхем)

– Капитенот на Тотенхем е очаен да го напушти клубот ова лето во потрага по трофеи, а се чини дека Манчестер сити е најверојатната дестинација за него, според британските медиуми. Јувентус, сепак, има импресивна понова историја кога станува збор за собирање трофеи и Кејн скоро сигурно би освоил нешто во Торино.

3. Мауро Икарди (ПСЖ)

– Аргентинецот беше поврзуван со Јувентус безброј пати претходно, но патот сега може да биде „полесен“ за заминување од Париз отколку од неговиот претходен дом во Милано со Интер. Тој не се покажа досега како важна алка во ПСЖ како што се очекуваше, и може да замисли враќање во Серија А.

4. Габриел Жезус (Манчестер сити)

– Напаѓачот на Манчестер сити никогаш не бил прв избор под раководство на Гвардиола, а шпанскиот менаџер дури постави и систем без напаѓачи и покрај тоа што го имаше Бразилецот на располагање во минатото. Има договор со „граѓаните“ до 30 јуни 2023 година и според „Трансфермаркт“ моментно вреди 60 милиони евра.

5. Антоан Гризман (Барселона)

– Трансферите на Серхио Агуеро и Мемфис Депај на „Камп Ноу“ најверојатно ќе доведат до заминувања на играчи, а Гризман никогаш не покажа баш во најдобро светло во Барселона. Неговата плата е исто така висока, дали или не Јувентус може да си дозволи да ги потроши парите потребни за да го потпише, е веќе друго прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот