Пет медали за младите таеквондисти на Бутел на меѓународниот турнир во Белград

Пет медали за младите таеквондисти на „Елит ОПЕН“/фото: facebook/Borce Kostovski

Македонското таеквондо реди успеси на меѓународната сцена, овојпат врвни резултати остварија надежите на таеквондо клубот Бутел.

Младите натпреварувачи на меѓународниот турнир „Елит ОПЕН“ во Белград (Србија) освоија вкупно пет медали.

Со сребрен медал се закити Сечо Хасан, а бронза имаат Никола Кекеновски, Теодор Стојановски, Мила Петров и Ведрана Тунески.

На овој турнир учествуваа 540 натпреварувачи од 56 клубови и седум земји.

Изминатиот период македонското таеквондо донесе нови големи остварувања, Дејан Гергиевски дојде до златото на Г2 турнирот во Тирана, Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот