Пет македонски и еден британски државјанин на аеродромот во Скопје приложиле лажен негативен тест за ковид-19

Аеродром Скопје фото архива на Слободен печат

Кривична пријава против пет македонски и еден британски државјанин заради приложување на лажен негативен тест за ковид-19 на аеродромот во Скопје.

– Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.Д.(22) од Р.Турција, Н.Р.(48) и Е.Р.(34), двајцата од с.Неготино, гостиварско, Р.А.(22) од с.Пласница, општина Македонски Брод, Н.Б.(67) од Кичево, С.Б.(22), државјанин на Р.Северна Македонија и В.Б.(37) државјанин на Велика Британија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, соопшти денеска МВР.

Од Министерството информираат дека тие во периодот од 16 февруари до 27 февруари 2021 година во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје” приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот