Пет лица под истрага: Предизвикаа лавина во која загинаа три Германки

Фото: ЕПА

Скијачката стаза на долината Сеналес е затворена со цел да се соберат докази.

Канцеларијата на јавниот обвинител отвори истрага по смртта на трите Германки кои загинаа во снежната лавина во јужниот дел на Тирол во Италија. Пет лица се под истрага, дека ја предизвикале несреќата.

Канцеларијата на јавниот правобранител во Болзано објави во понеделникот дека ќе се истражува повеќекратно убиство од небрежност и предизвикување лавина од небрежност.

Не е познато што ја предизвикало лавината. Скијачката стаза на долината Сеналес е затворена со цел да се соберат докази.

Несреќа во зимското одморалиште Шналс

Телата на загинатите ќе бидат вратени во Германија.

Жена и две деца од Германија загинаа во саботата во снежна лавина во јужниот дел на Тирол во Италија. Несреќата се случила во зимското одморалиште Шналс, западно од Мерано.

Во лавината загина жена од германската држава Тирингија и седумгодишно девојче од Северна Рајна-Вестфалија. Другото дете, ќерка на починатата, им подлегнала на повредите откако со хеликоптер била пренесена во болница во Трент, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот