Пет клучни работи кои се однесуваат за забраната на абортусот во Америка

абортус протести сад
Вашингтон, 3 мај 2022 / Bailey/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Самуел Алито, судија на Врховниот суд на САД, подготвил предлог-одлука за абортусот во таа земја, во која се наведени плановите за укинување на пресудата од 1973 година, со која се легализираше абортусот.

Она што сега го бара Врховниот суд е да се укине правото на секоја држава да одлучува за правото на абортус, што веќе би било регулирано со пресуда на Врховниот суд. Наводите за можно укинување на правото на абортус предизвикаа бура во американската јавност.

ВИДЕО: Протекување на документ за абортус во САД предизвика шок, протести низ Вашингтон

Кои се намерите на судијата Алито?

Нацртот изготвен од судијата Алито претставува поништување на одлуката од 1973 година, донесена во случајот „Ро против Вејд“ (Roe v. Wade). Тогашната одлука на судот гарантираше уставна заштита на правото на абортус, а беше потврдена во случајот од 1992 година.

Алито сега смета дека сојузните држави кои ги сочинуваат САД не треба да имаат право да одлучуваат за абортусот, туку тој мора да биде регулиран од Врховниот суд и во тој случај да се применува во сите држави.

Тоа би значело дека правото на жената на абортус зависи од судиите на Врховниот суд, особено од Алито како иницијатор на оваа контроверзна идеја.

Документот за кој станува збор / Принтскрин

Што вели пресудата од 1973 година?

Како причина за новиот нацрт, судијата Алито ја зеде пресудата од случајот Ро против Вејд, кој беше донесен во 1973 година, а потоа потврден во 1992 година.

Во споменатиот случај Врховниот суд донесе пресуда со која сојузната држава Тексас, тогаш го забрани абортусот. Врховниот суд пресуди дека принципот на државата Тексас е неуставен.

Но, според судијата Алито, тогаш била направена грешка, која „и денес остава последици“.

„Случајот на Ро против Вејд беше сериозна грешка од самиот почеток. Време е да се почитува Уставот и да се врати прашањето за абортусот на народните избраници“, напиша судијата Алито во документот.

Што велат другите судии?

Според некои тврдења, четворицата судии назначени од републиканците – ја поддржуваат позицијата на судијата Алито.

Во исто време, судиите назначени од демократите силно се противат на планот за кој веруваат дека ќе ги прекрши правата на жените.

Портпаролот на Врховниот суд одби да го коментира нацртот и намерите на судијата Алита.

Кои се овластувањата на Врховниот суд?

Врховниот суд на Соединетите Држави е највисоката судска власт во САД. Третиот член од Уставот на САД ја одредува позицијата на овој суд, а тој имплицира дека судската власт во земјата е доверена на Врховниот суд, но и на пониските судови кои Конгресот може да ги промени.

Многу поважно е неговото овластување да ги прогласи за неуставни сите акти на законодавната и извршната власт и со тоа да ги укине, поради што тој е далеку поважен од сличните институции во другите земји.

Судиите на Врховниот суд ги именува претседателот на Соединетите Американски Држави и ги потврдува Сенатот. Мандатот на судијата е доживотен, но може да престане по лично барање на судијата или со смена.

Што може да се очекува во иднина?

Мислењето на судијата Алито и нацртот што тој го направи сепак е само негово мислење.

Судиите можат да ги менуваат своите гласови додека циркулираат нацрт-мислења, а големите одлуки може да бидат предмет на повеќекратни размислувања и промени на мислењето, понекогаш само неколку дена пред објавувањето на одлуката.

Одлуката на судот нема да биде конечна додека не биде официјално објавена, веројатно во следните два месеци.

Доколку олдуката навистина стапи на сила, се очекува и онака поделеното американско општество да претрпи нов удар, но и масовни протести ширум земјата.

Галерија од протестите во САД:

абортус протести сад
Жена плаче на протестот во Вашингтон, 3 мај 2022 / Bailey/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia
абортус протести сад
Вашингтон, 3 мај 2022 / Bailey/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia
Вашингтон, 3 мај 2022 / Bailey/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia
сад протест абортус
Вашингтон, 3 мај 2022 / Bailey/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia
сад протест абортус
Вашингтон, 3 мај 2022 / Bailey/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот