Пет кинески градови се ставени во карантин за да се спречи ширење на коронавирусот

Фото: Профимедиа

Освен сообраќајот, затворени се и театрите, кината, кафулињата и сите места за забава, а жителите не смеат да го напуштаат градот освен од „посебни причини”.

Пет кинески градови се ставени во карантин, а официјален Пекинг откажа серија јавни настани по повод Кинеската Нова година во обид да се спречи ширење на смртоносниот коронавирус.

Кинеските власти утрово ги суспендираа транспортните врски од Вухан, што подразбира затворање на автобуските и железничките станици, како и аеродромите и пристаништата. По Вухан, каде прво изби епидемијата, и блиските градови Хуанганг и Еџоу воведоа слични мерки, а ограничувања воведоа и Чиби и Џијанг.

Освен сообраќајот, затворени се и театрите, кината, кафулињата и сите места за забава, а жителите не смеат да го напуштаат градот освен од „посебни причини“.

Локалните власти, исто така, им наложија на туристичките оператори да ги откажат аранжманите, а исто така не се дозволени ни големи културни манифестации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот