Пет ЈАСНИ ЗНАЦИ дека вашата пријателка е ЉУБОМОРНА на вас!

Љубомората не е убава особина и може да уништи било каква врска, без оглед дали е љубовна или пријателска.

Љубоморните луѓе се во состојба својата завист да ја изразат на разни начини и можат сериозно да им наштетат на луѓето за кои се претвараат дека им се важни, поради што е важно љубомората да ја препознаете на време и д се тргнете од таквите луѓе.

Во продолжение дознајте кои знаци откриваат дека вашата пријателка е љубоморна на вас:

Никогаш ништо не е фер за неа

Дали вашата пријателка често го користи изразот „не е фер“ кога станува збор за одредени работи кои вие ги имате, а таа не? Ова може да се однесува на изгледот, работата, љубовниот живот, некоја материјална работа како автомобил или било што друго што вие имате, а вашата пријателка го нема или пак вашето е подобро од нејзиното.

„Зборувањето дека нешто не е фер е еден од најчестите начини за покажување на љубомора“, вели психологот Сузан Дегес Вајт.

Секогаш се натпреварува

Пријателството не се темели на натпреварување, туку на славење на заедничките успеси, а не само поединечните. Ако вашата пријателка се обидува постојано во се да ве победи, тоа значи дека е љубоморна на вас, но и дека пријателството со неа веројатно ви носи повеќе штета од корист.

Секогаш е нагативна

И велите дека сте се заљубиле, а она тоа успее да го заврти на негативната страна и да ви го влоши расположението? Пријателите би требало едни со други да се развеселуваат и поткрепуваат, а никако да си го влошуваат расположението, а доколку тоа постојано ви се случува со некоја пријателка, можете да бидете сигурни дека е љубоморна на вас и дека веројатно не ви посакува добри работи во животот.

Ги намалува вашите успеси

Сте постигнале нешто големо и со тоа и се фалите на пријателката, а таа се прави како тоа да не е некоја важна работа? На пример, сте и се пофалиле дека сте добиле зголемување на платата и таа реагира вака: „Па што, и јас исто добив“. Љубоморните луѓе тоа го прават за подобро да се чувствуваат во сопствената кожа и личноста која го намалува секој ваш успех не ви е вистинска пријателка.

Не ви е поддршка

Ако не е покрај вас кога ќе се случи нешто добро или лошо и ја менува темата кога и да се обидете да разговарате за некои свои успеси или проблеми, таа не ви е никаква поддршка, а со самото тоа ниту пријателка и веројатно зад сето тоа стои нејзината љубомора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот