Пет години затвор за Германка која на интернет објавувала снимки од сечење глави

Триесет и двегодишна Германка, припадничка на Исламската држава денеска е осудена во судот во Штутгарт на пет години затвор.

Сабине С. е осудена за членување во терористичка организација. Таа од 2013 до 2018 живеела во Ирак и во Сирија , каде се омажила за еден борец на ИД од Азербејџан.

Додека била таму, преку интернет се обидувала што повеќе луѓе да натера да се приклучат кон џихадистите. На својот блог редовно објавувала и видеа од отсекување глави на жртвите на терористите.

Сабине имала и оружје, за кое поминала обука како да ракува во воени услови, а била редовен учесник на егзекуциите.

Таа е уапсена во 2018 во Баден – Баден по враќањето во Германија. За време на процесот, се откажала од ИД и од исламистичката идеологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот