Пет години подоцна, Кендрик Ламар го објави албумот „Mr. Morale & The Big Steppers“

Mr. Morale & The Big Steppers, Фото: Renell Medrano, Instagram

Пет години подоцна, на 13 мај Кендрик Ламар објави албум – „Mr. Morale & The Big Steppers“. Како што и самиот објаснува во воведната песна од албумот „United in Grief“:

I’ve been goin’ through somethin’
One-thousand eight-hundred and fifty-five days
I’ve been goin’ through somethin’
Be afraid

„Поминував низ нешто/1855 денови/Поминував низ нешто/Плашете се“. 1855 денови е еднакво на пет години и 30 дена, односно изброеното време од последниот албум на Кендрик Ламар-„Damn“, кој беше објавен во 2017 година и доби Пулицерова награда.

„Mr. Morale & The Big Steppers“ има антомија од 18 песни со густа содржина на кои се разбира им е потребно време да бидат правилно дигестирани. Иако, слоевите на значење зад стиховите на Кендрик ќе се отвараат веројатно со месеци, првите впечатоци на обожавателите беа толку силни што предизвикаа колапс на стриминг сервисите „Spotify“ и „Apple Music“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renell Medrano (@renellaice)

Слим Шејди упати комплименти на Кендрик Ламар

Меѓу обожавателите се најде и Еминем, кој на 15 мај твитна: „Јо @DrDre овој албум на Кендрик е е*ено генијално. Јас сум без зборови.”

Д-р Дре не е продуцент на албумот, но е основач на „Aftermath Entertainment“ и долго време е поврзан со „Interscope Records“. „Mr. Morale & The Big Steppers“ беше објавен преку pgLang во соработка со „Top Dawg Entertainment, Aftermath и Interscope“ и е последниот албум во соработка со продукциската куќа.

Еден од најдобрите рапери на сите времиња

Во рецензијата „NME“ го нарече албумот: „Катарзична автобиографија која сервира вињети за тоа како е да се биде возрасен црнец чија траума сè уште го прогонува. Со разголување на душата, тој се надева дека ќе сфатиме како можеме да се ослободиме и од генерациските клетви. Овој албум е за борба, колку и за слобода, и колку убава мисла е тоа“.

На албумот гостуваат Ghostface Killah, Kodak Black, братучедот Baby Keem, Sampha, Blxst, Summer Walker, Tanna Leone и Beth Gibbons од „Portishead’s“, меѓу другите. Во продукцискиот дел соработувал со Sounwave, Pharrell, The Alchemist, Boi-1da и DJ Dahi.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renell Medrano (@renellaice)

Кендрик пак за политика, ама овојпат за ЛГБТИ заедницата

„Auntie Diaries“ започнува: „My auntie’s a man now, I think I’m old enough to understand now“(Тетка ми е  маж сега, мислам дека сум доволно возрасен да разберам сега). Медитативен стих за неговата сопствена реакција на родовите транзиции на двајца членови на неговото семејство. Признавајќи дека пораснал во време кога транссексуалците и хомосексуалците биле отворено исмејувани, тој ги опишува богатите животи што ги водат, како и неволјите со кои се соочуваат, уживајќи во фактот што го нашле својот пат до среќата. „My auntie became a man and I took pride in it“, (Тетка ми стана маж, и јас бев горд)вели тој во песната-пишува „GQ“.

Квалитетен рап на повидок: Кендрик Ламар со нов студиски албум во мај

Видео на денот