Пет години по разводот Хали Бери и поранешниот сопруг повторно на суд: Овој пат актерката се брани без адвокат!

профимедиа

Актерката Хали Бери во октомври 2015 година преку членови на „седмата сила“ се огласи пред пошироката јавност дека се разведува од својот сопруг Оливер Мартинез со кого го има синот Мејс. Само неколку месеци после тоа, разводот беше финализиран на суд и тие се согласија за заедничко старателство. Но, сепак не ги расчистиле сите сметки бидејќи поранешните сопружници повторно се повикани на суд.

Според извештаите на странските медиуми, актерката Хали Бери и нејзиниот поранешен сопруг Оливер Мартинез, со која се разведе пред пет години, повторно ќе се сретнат на суд.

профимедиа

Наводно повикот дошол затоа што поранешните сопружници немале потпишано формулари за старателството, иако двајцата се согласиле на заедничко старателство над нивниот син Мејс.

Интересно е и тоа што овој пат Бери реши сама да се брани и да се претстави на суд, а со долгогодишната адвокатка Марина Закијан Бек ги откажа сите претстојни тужби до крајот на јуни.

Мартинез, од друга страна, сè уште е претставуван од влијателниот адвокат Лора Васер, позната по бројните случаи на славни личности со кои работела.

Сè уште не е познато зошто ќе се одржи рочиштето на суд, бидејќи Оливер и Хали функционирале во коректни односи заедно воспитувајќи го својот син години по разводот.

„Ние напредуваме со почит и љубов едни кон други и најважно за нас ќе биде да го направиме она што е најдобро за нашиот син“, стоело во заедничката изјава на познатата двојка во тие години, наведувајќи ги непомирливите разлики во причината за развод.

профимедиа

Иако тие се согласија на заедничко старателство, Хали за време на разводот побарала Оливие да обезбеди превоз за време на посетата и да бара дозвола доколку сака да го носи нивниот син некаде надвор од Калифорнија.

Ова беше трет развод за згодната 54-годишна актерка. Таа беше во брак со бејзбол играчот Дејвид Џастис од 1993 до 1996 година, а беше во брак и со пејачот Ерик Бенет две години, од 2001 до 2003 година. Познатата актерка покрај синот со Оливие, има и ќерка, Нахла, која ја доби во врската со Габриел Обри.

принтскрин

Французинот Оливер, од друга страна, беше познат како женкар пред Хали и имаше бројни врски со актерки и модели како Мира Сорвино, Кајли Мартинез, Гој Толедо, Рози Хантингтон-Вајтли и Џулиет Бинош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот