
Пет ефикасни начини за природно намалување на крвниот притисок
Во светот со висок крвен притисок (хипертензија) живеат повеќе од милијарда луѓе, а познато е дека некои од последиците на ова опасно состојба се срцеви и мозочни удари, откажување на бубрезите, слепило и други компликации, пишува „Живим“.
Препорачано
Освен земањето лекови, намалувањето на внесот на алкохол и редовното физичко активирање, многу можеме да направиме и со прилагодување на исхраната. Всушност, нутриционистката Марта Теран предлага пет ефикасни начини со кои брзо може да се намали притисокот.
1. Подготвувајте свои оброци
Првата стратегија е – гответе дома. Подготвувањето на сопствени оброци од свежа, нискокалорична храна, богата со хранливи материи, како што истакнува нутриционистката, ни помага да го намалиме внесот на натриум и шеќер, додека истовремено го зголемуваме внесот на хранливи материи кои го намалуваат крвниот притисок, како што се калиумот, антиоксидансите и влакната. Таа препорачува консумирање што помалку преработени намирници, односно, советува избегнување на купување готова храна врз која немаме контрола што навистина содржи. Затоа, одењата во ресторани, пекари и маркетите за готова храна нека бидат исклучок, а не правило.
2. Зголемете го внесот на влакна
Докажано е дека влакната се непријатели на хипертензијата, а ги има во речиси сите непреработени растителни намирници. Поради тоа, нутриционистката советува консумирање што повеќе свеж зеленчук, кој несомнено ќе помогне во намалувањето на крвниот притисок.
3. Внимавајте на внесот на сол
Солта е исклучително важна за нормално функционирање на човечкиот организам, но нејзиниот прекумерен внес никако не е пожелан. Всушност, тоа е еден од најзначајните фактори за појава на висок крвен притисок, па затоа луѓето кои се соочуваат со овој проблем треба сериозно да ја сфатат препораката за ограничен внес. Препорачаната дневна доза на кујнска сол според Светската здравствена организација е пет грама.
4. Зголемете го внесот на калиум
Исхраната со низок внес на калиум и висок внес на натриум, како што се преработените месни производи, индустриските сокови, брзата храна, инстант производите и газираните пијалаци, придонесува за висок крвен притисок. Напротив, намирниците богати со калиум, како што се зелениот зеленчук, бананите, слаткиот компир (батат), млечните производи, гравот и авокадото, можат да помогнат во неговото намалување.
5. Не заборавајте на водата
Пиењето доволно течности е исклучително важно и кога станува збор за крвниот притисок. Внесот на вода им помага на бубрезите ефикасно да го излачуваат вишокот натриум, кој е познато дека може да го зголеми притисокот. Кога телото е дехидрирано, крвните садови се стеснуваат, што го отежнува протокот на крв и доведува до зголемен притисок. Хидратацијата исто така ја одржува рамнотежата на електролитите, како што се калиумот и натриумот.