Пет членови од македонската ракометна репрезентација позитивни на ковид-19

Ковид-проблеми во македонската ракометна репрезентација непосредно пред стартот на ЕП 2022/Фото: macedoniahandball.com.mk

Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство 2022 во Унгарија и Словачка македонските репрезентативци утре наутро (11 јануари) ќе го одработат последниот тренинг пред заминувањето во Дебрецин.

Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација (ЕХФ), беа извршени ковид ПЦР тестирања на 4 и 7 и 10 јануари.

Според резултатите од денешните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои утре требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19).

Македонската ракометна репрезентација утре во 14:10 часот попладне заминува за унгарскиот град Дебрецин.

А првиот натпревар од групната фаза нашите најдобри ракомертари ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) од 18.00 часот против Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот