Пет апликации кои ВЕДНАШ треба да ги избришете од вашиот мобилен телефон

Илустративна фотографија

Смарт-телефоните и покрај сите магични можности кои ги носат во нашиот живот, претставуваат и оптеретување – а ова е листата на апликации која би било најдобро да се избришат.

Без разлика дали со нив можат да се следат корисниците, трошат многу батерија или заземаат меморија – овие апликации само ќе ви штетат, Попјулар Механикс наведува шест од нив кои најдобро е воопшто да ги немате на својот мобилен телефон.

Angry Birds

Депресивно, но вистинито – Angry Birds не е ваш пријател, дури ниту после сите овие години пројдени заедно. Играта која во 2009 година била создадена од финскиот девелопер Ровио Ентертејмент, преку ноќ стана хит. Што тргна на лошо?

Се започна со Едвард Сноуден, кој тврдел дека таа игра зазема огромна количина од податоци за корисникот, а тоа е потврдено кога е откриено дека САД и Британија преку нив собирале приватни податоци за луѓето.

Покрај тоа, рекламната кампања скриена во кодот на играта овозможила целно огласување, па преку неа најосетливите податоци како телефонски броеви, локации, политички информации, па дури и информациите за сексуалната ориентација на корисниците станала видлива. Иако девелоперите велат дека апликацијата сега е сигурна за користење, можеби не е лошо малку да се одморите од пукање во свињи и играње со птици.

ИПВениш ВПН

ВПН или виртуелните приватни мрежи, во последните 10 години станале многу популарни, иако постојат од 1996 година. Тие користат за да се маскира активноста на интернет и да се осигура онлајн приватноста, креирајќи приватна интернет врска од јавните врски. ВПН ја маскираат вашата интернет протокол ИП локација, заради што е скоро невозможно да ве лоцираат.

Иронично, повеќето ВПН не се сигурни, вклучувајќи и некои од најпопуларните провајдери, како ИПВениш ВПН, за кој е откриено дека, иронично, ги проследува информациите на своите корисници.

Фејсбук

Не се плашете, никој не сака да ви го одземе Фејсбукот. Сепак, фактот е дека освен тоа што е наметлива, оваа апликација ја троши батеријата повеќе од било која друга. Заради тоа, наместо апликацијата користете го Фејсбук букмаркот, кој ќе стои на вашиот почетен екран и ќе го отвори вашиот профил во интернет пребарувачот.

Accu Weather

Колку и да се корисни, ваквите апликации и тоа како ја исцрпуваат вашата батерија, бидејќи константно ажурираат податоци. Наместо апликација за временска прогноза, користете ја гласовната „OK, Google“ опција.

Апликации за брзо полнење

Постојат безброј апликации кои нудат ветување дека ќе можете брзо да го наполните својот телефон. Факт е дека ништо не може да го наполни вашиот мобилен побрзо од тоа што овозможуваат вашите подесувања. Таквите апликации се измама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот