Песто од див лук – и сос и чистач на организмот

Листовите на дивиот бел лук се многу вкусни и може да се искористат за подготвување на освежувачки песто сос, кој во исто време го чисти и подмладува телото.

Дивиот лук изникнува сам во природата. Мириса и има сличен вкус како со обичниот лук. Може да се користи и стеблестиот дел и листовите. На Балканот е познат под името сремуш.

За да подготвите песто од него, потребни ви се два врзопа див лук, 100 милилитри маслиново масло, ореви, пињоли или кикирики, бибер, пармезан и сол.

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат додека да се добие саканата структура.

Се употребува со тестенини или печен компир, а може и како макало за со печени лепчиња или со чипс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот