Песни за мерак вечерва во Виртуелна кафана кај Марио од Група Мерак

Марио Стојановски од Група Мерак денеска, 25 март, среда, во 22 часот ќе отсвири со својата хармоника песни за мерак во Виртуелна кафана на неговиот Фејсбук профил.

„Драги мои, би сакал вечерва да ве поканам во мојата Виртуелна кафана на профилот на Фејсбук, сите заедно да уживаме во убавите македонски и балкански песни започнувајќи од 22 часот. Додека трае полицискиот час против Ковид-19 во својот дом ќе се обидам да ве расположам со мојата хармоника“ – вели Марио Стојановски.

Марио е член на шестчлената група Мерак кои ги препеаја познатите македонски песни „Една песна“, „Мајка на Марика“, „Дојди ми Лено“, „Чудна жена“ и „Бисера“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот