Песната со која Брајан Адамс го освои светот: Дванаесет седмици беше број еден на листите! (ВИДЕО)

Брајан Адамс/Facebook

Со песната (Everything I Do), I Do It For You, Брајан Адамс влезе во историјата на музиката, кога синглот беше рангиран број 1 на листата на врвни синглови во Обединетото Кралство – 12 недели по ред. Таа беше снимена на денешен ден во 1991 година.

Песната беше првиот сингл од неговиот шести студиски албум Waking Up the Neighbours, а потоа беше дел од музиката за филмот Robin Hood: Prince of Thieves.

https://www.youtube.com/watch?v=vFD2gu007dc

Синглот беше продаден во 15 милиони примероци ширум светот, со што стана најуспешната песна на Адамс, како и еден од најпродаваните синглови на сите времиња.

Таа освои една и беше номинирана за четири Греми. Во трката за Оскар, таа беше номинирана во категоријата најдобра песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот