Песна од Рамштајн вознемири цела населба во Будимпешта

Фото: Принтскрин

Сопствениците на унгарски стадион во изградба мораа да му се извинат на локалното население, откако песна од германскиот метал бенд Рамштајн била гласно пуштена на звучниците, неколку часа во текот на ноќта, објави „Јуроњуз“.

Луѓето кои живеат во близина на речиси завршената „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија, пријавија дека неодамна објавената песна на бендот Рамштајн со името Deutschland се многу гласно слушала од звучниците на стадионот, свирејќи неколку часа по ред во текот на ноќта.

Во извинувањето објавено на Фејсбук, официјалните лица од „Пушкаш Арена“ признаа дека „непријатен звук“ можел да се слушне од звучниците на стадионот, и тоа поради „техничка грешка“.

– Изведувачот на работите ги презема неопходните чекори за да се осигури дека вакво нешто нема да се случи во иднина – стои во извинувањето. Тие исто така се извинија на локалното население кое живее во близина на стадионот.

„Пушкаш Арена“, која е со капацитет од 67.000 седишта, ќе биде отворена на средина на ноември, со фудбалскиот натпревар меѓу Унгарија и Уругвај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот