Песков за наводното руско мешање во американските избори: „Параноични наводи кои немаат врска со вистината“

дмитри песков
Дмитри Песков, портпарол на Кремљ / Фото: Слободен печат, архива

„Ова се повеќе параноични најави кои, на наша жал, рапидно ќе се зголемуваат како ќе се приближуваат американските избори“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Кремљ денеска соопшти дека се лажни и параноични наводите на американските разузнавачки служби дека Русија се меша во американската предизборна кампања во 2020 година и дека се обидува да ги зголеми шансите за реизбор на Доналд Трамп, за што вчера пишуваше весникот „Њујорк тајмс” .

-Ова се повеќе параноични најави кои, на наша жал, рапидно ќе се зголемуваат како ќе се приближуваат американските избори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесен од британските медиуми.

-Тие немаат никаква врска со вистината – истакна Песков.

Американски разузнавачки претставници минатата недела пред конгресмени на седница на Одборот за разузнавање кажале дека Русија се меша во изборната кампања во 2020 година со цел да се фрли сомнеж врз интегритетот на гласањето и да му се даде поддршка на повторниот избор на актуелниот претседател Доналд Трамп, изјави денеска извор запознат со случајот.

Изворот, кој говорел под услов да остане анонимен, пред се, заради чувствителноста на прашањето, навел дека репубиканците во Одборот за разузнавање во Претставничкиот дом, што е под контрола на демократите, ја довеле под прашање проценката на официјалните претставници на Канцеларијата на Националната разузнавачка служба.

Целата приказна за овој случај вчера во јавноста ја изнесе весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на пет различни извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот