Песков во име на Путин: Тврдењата на Навални се навредливи и неприфатливи

Фото: EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Тврдењата на рускиот опозиционер Алексеј Навални за поврзаност на претседателот Владимир Путин за неговото труење се навредливи и неосновани, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Коментирајќи го интервјуто на Навални за „Шпигел”, во кое тој зборува за Путин, Песков вели дека „неговата реторика која се граничи со навреди е познато средство за оние кои сакаат да се стават на рамноправно ниво со шефот на државата и тврдат дека учествуваат во некоја политичка борба”.

– Вистинските ривали на претседателот во политичката борба се други луѓе и сили. Тие не се квази и маргинални личности, туку вистинска опозиција. Затоа, не сметаме дека е можно да учествуваме во каква било дискусија во иднина и нема да коментираме или да даваме изјави за ова прашање, нагласи Песков.

Тој додава дека Русија се обидува да го испита случајот и да ги утврди причините за инцидентот. Песков повтори дека Русија за тоа треба да добие информации од оние кои откриле траги на труење во примероците на Навални, конкретно од германски лекари.

Зборувајќи за плановите на Навални да се врати во Русија, портпаролот на Кремљ истакна дека „секој руски граѓанин може да се врати дома во секое време и во тоа нема херојство”.

– Тие може да бидат подложени на третман во нашата земја и речиси сите луѓе го прават тоа. Во нашата земја се спасуваат животи и животот на овој пациент, исто така, е спасен во Русија, рече Песков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот