Песков: Украина веднаш ќе стави крај на страдањата ако ги прифати нашите барања

дмитриј песков
Дмитриј Песков / EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека украинското раководство може „да стави крај на страдањата“ во Украина доколку ги прифати барањата на Русија за решавање на конфликтот.

На новинарско прашање дали Русија е загрижена за последиците од нападите врз цивилното население или енергетската инфраструктура, Песков одговори дека Русија цели само на објекти од воено значење, не и на социјални.

Руската војска негираше дека вчера го нападнала Киев, тврдејќи дека штетата на главниот град на Украина е предизвикана од „украински и странски“ противвоздушни ракети. „Ниту еден ракетен напад не е извршен врз Киев. Сите штети предизвикани на градот се резултат на падот на странските и украинските ракети за противвоздушна одбрана кои беа инсталирани во станбените квартови на Киев“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Коначенков.

Русија во средата ги погоди градовите ширум Украина со ракетни истрели, при што загинаа десет лица, принудувајќи ги властите да ги затворат нуклеарните централи и прекинаа снабдувањето со електрична енергија и вода на многу места.

Видео на денот