Песков со став: Санкциите на САД и ЕУ се мешање во работите на Русија

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков денеска изјави дека последните санкции на САД и Европската Унија (ЕУ) против руски лица и организации поради случајот Навални се интервенција во внатрешните работи на Русија и се неприфатливи.

– Сметаме дека таквите ограничувања се апсолутно неприфатливи и се мешање во внатрешните работи на Русија. Тие предизвикуваат значителна штета на односите со САД и ЕУ, кои веќе се во жална состојба, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ, исто така нагласи дека новите санкции, или ограничувањата наметнати против неколку руски функционери, во основа ги удвојуваат оние кои веќе се утврдените за нив согласно руското законодавство.

Министерството за финансии на САД вчера објави дека ставило на црна листа седум руски официјални лица поради ситуацијата околу рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Европската Унија истиот ден ги прошири санкциите против Русија поради Навални, а на нејзината црна листа се уште четворица руски официјални лица: Главниот обвинител Игор Краснов, шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин, шефот на Федералната Казнено поправниот дом Александар Калашников и директорот на Националната гарда Виктор Золотов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот