Песков: Русија ќе побара повеќе детали за поканата од Трамп за проширен самит на Г7

Дмитриј Песков / Фото: Архива

Пред шест години, Русија беше исфрлена од Г8 по анексијата на Крим од Украина.

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја покани Русија на проширен самит на Групата седум најразвиени земји (Г7) подоцна оваа година покрена повеќе прашања отколку што понуди одговори, но руските дипломати ќе бараат појаснување од Вашингтон, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ова е формат во кој Русија не учествува и затоа од почетокот рековме дека во овој момент има повеќе прашања отколку што има одговори, им рече Песков на новинарите.

Песков додаде дека Русија ќе побара повеќе детали за предлогот на Трамп преку дипломатски канали.

Трамп во саботата изјави дека сака да го прошири списокот на поканети на самитот на Г7 со Австралија, Русија, Јужна Кореја и Индија и тоа го повтори во вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Пред шест години, Русија беше исфрлена од Г8 по анексијата на Крим од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот