Песков: Русија и Кина не водат вакцинална војна

Дмитриј Песков / Фото: Архива

Русија апсолутно го отфрла тврдењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека Москва и Пекинг ги злоупотребуваат вакцините против коронавирусот како инструмент за влијание, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој негираше дека Кина и Русија водат „вакцинална војна” и посочи дека Москва никогаш не ја политизирала ниту ја политизира вакцинацијата, пренесува ТАСС.

– Русија е одговорна членка на меѓународната заедница, а нивото на одговорност на членовите на светската заедница најдобро се покажува во вакви тешки денови и години на пандемија како што сега ги преживува целото човештво, рече Песков.

Тој додаде дека лидерите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон, имаат широк спектар на теми за кои категорично не се согласуваат, но дека Москва не го запира патот што води до дијалог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот