Песков: Путин не планира средба со Трамп

Архива на СП

Тајмс наведе дека датум за средбата може да биде 15 септември, кога во Њујорк се оддржува Генералното собрание на Обединетите нации.

Рускиот претседател Владимир Путин не планира патување за Њујорк на седницата на Генералното собрание на ОН и средба со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во врска со медиумските написи дека таква средба е можна, Песков кажа дека станува збор за „медиумски шпекулации”, пренесе Тасс.

-Нема планови за такво нешто, рече тој.

Британски „Тајмс” вчера објави дека Трамп сакал да оствари средба со Путин пред претседателските избори во ноември, но не го прецизира изворот на информацијата.

Тајмс наведе дека датум за средбата може да биде 15 септември, кога во Њујорк се оддржува Генералното собрание на Обединетите нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот