Песков: Путин на средбата со Ердоган и Рохани ќе разговара за нападот на Сауди Арамко

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган / Фото: Архива

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не ја исклучи можноста претседателот Владимир Путин на средбата со лидерите на Турција и Иран Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани во Анкара да разговара за нападот врз Сауди Армко.

– Не се планира посебно, но традиционално размената на мислења се однесува на најрелевантните прашања. Може да се претпостави дека и за тоа прашање ќе стане збор, истакна Песков.

Тројцата лидери денеска ќе се сретнат во Анкара, каде, според најавите, ќе разговараат за ситуацијата во Сирија.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак денеска изјави дека за денеска планира телефонски разговор со саудискиот колега во врска со нападите врз саудиските нафтени објекти.

На прашањето дали Русија и натаму би требала да го намалува увозот на нафта согласно глобалниот договор, Новак рече дека параметрите на тој договор не се намалени.

– Секој треба да ги исполни своите обврски онака како што се договоривме во Абу Даби, оцени рускиот министер.

Тој уште истакна дека во комерцијалните залихи ширум светот има доволно нафта за да се покрие недостигот на снабдување од Саудиска Арабија.

Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, ја презедоа одговорноста за нападот на постројките на Сауди Армко, што го парализираше производството на повеќе од половина на глобалниот дневен извоз на Саудиска Арабија и повеќе од пет отсто од светското дневно производство на сурова нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот