Песков: Путин и Лукашенко се договорија за повлекување на руските трупи долж границата со Белорусија

Фото: EPA-EFE/EVGENIA NOVOZHENINA / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко на денешниот состанок во Сочи договориле повлекување на руските трупи долж белоруската граница, соопшти Кремљ.

– Важен резултат од разговорите меѓу двајцата претседатели во Сочи е договорот со кој се отстрануваат резервните трупи на безбедносните сили и Националната гарда што беа распоредени во близина на руско-белоруската граница, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Агенцијата ТАСС вечерва го цитираше Песков кој рекол дека припадниците на единиците кои биле распоредени во близина на границата со Белорусија ќе се вратат во нивните матични бази.

Песков, според ТАСС, исто така, кажал дека во разговорот меѓу Путин и Лукашенко не се спомнало за воспоставување руска воена база во Белорусија, што било навестено од одредени медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот