Песков: Продолжувањето на договорот СТАРТ е во интерес на Русија и САД, но и на целиот свет

Фото: EPA/SERGEI KARPUKHIN /POOL

Кремљ денеска соопшти дека се потребни „енергетски напори” за да се постигне нов договор со САД за контрола на нуклеарното оружје пред претходниот договор меѓу двете земји да истече на крајот на февруари.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на утринската прес-конференција рече дека продолжувањето на договорот СТАРТ е во интерес на двете земји, но и на целиот свет.

Песков исто така соопшти дека не може да има дијалог со луѓето кои насилно и нелегално протестираат, откако десетици илјади лица за време на викендот излегоа на улиците и побараа ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални.

Британските медиуми го цитираат Песков, кој кажа дека нивото на насилство кај некои демонстранти било невидено досега и дека тие се однесувале многу агресивно.

Песков истакна дека случаите на полициско насилство врз демонстрантите, од кои некои беа снимени на видео, се далеку помали и дека истрагата и за нив е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот