Песков: Потребна е добра подготовка за средба Путин – Зеленски

Фото: Принтскрин

Состанокот на рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, не би значел многу, доколку не е добро подготвен, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Москва сега е фокусирана на следниот самит во нормандиски формат.

– Путин рече дека тој лично никогаш не одбива такви состаноци, но верува дека средба поради средба малку може да придонесе и затоа се потребни темелни подготовки, нагласи Песков.

Поранешниот казахстански претседател, Нурсултан Назарбаев изјави дека планира да договори тет-а-тет средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски, кој веќе го прифатил состанокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот