Песков: Обвинувањата за вмешаност во труењето на Навални се неприфатливи

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Кремљ верува дека сите обвинувања за вмешаност на руски официјални лица во случајот со опозицискиот политичар, Алексеј Навални се априори погрешни и неприфатливи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков на овој начин реагираше на изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој рече дека постои „значителна шанса” високи руски функционери да наредиле наводно труење на Навални.

– Ја слушнавме неговата изјава. Заинтересирани сме да ја откриеме причината за инцидентот. Веруваме дека какви било директни или индиректни врски и навестувања за вмешаност на кој било руски претставник во овој инцидент се неприфатливи и априори погрешни и ја искривуваат реалноста, рече Песков.

Навални, кој е во болница во Берлин, беше префрлен со авион во Германија откако минатиот месец му се слоши за време на авионски лет во Русија.

Германија тврди дека тој бил отруен со нервниот агенс „Новичок” и дека целта била негово убиство, додека Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот