Песков: Невкусна е обвинувачка реторика меѓу САД и Кина

Дмитриј Песков / Фото: Архива

Тој потсети дека Москва развива блиски и партнерски односи со Пекинг и дека и понатаму ќе го прави тоа.

Русија денеска ги повика Соединетите Американски Држави и Кина да соработуваат затоа што нивната размена на обвиненија, како што соопшти Кремљ, е „невкусна” во период на пандемија на коронавирус.

– Во рамки на заедничките напори за борба против пандемијата на коронавирус, тоа изгледа невкусно, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашање во врска со односите меѓу Вашингтон и Пекинг, јави ТАСС.

– Секако, ние повеќе сакаме да видиме интеракција, соработка и меѓусебна помош наместо овие размени, рече Песков.

Тој потсети дека Москва развива блиски и партнерски односи со Пекинг и дека и понатаму ќе го прави тоа.

– Ние соработуваме и си помагаме едни на други во борбата против коронавирусот, во развојот на вакцина. Разменуваме информации. Исто така, имаме контакти со Американците, додаде Песков. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот