Песков: Несоодветно е да се зборува за размена на затвореници пред самитот Путин-Бајден

Дмитриј Песков / Фото: Архива

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска оцени дека „темата за размена на затвореници е несоодветна пред самитот Путин-Бајден”.

– Во овој момент е сосема е несоодветно да се зборува за затвореници кои би можеле да бидат разменети меѓу САД и Русија, предупреди портпаролот на Кремљ на денешната прес-конференција.

Песков, исто така, потсети дека рускиот претседател еднаш веќе јавно кажа дека е отворен за разговори и на оваа тема, но дека деталите за тоа мора да бидат утврдени во директен разговор со претседателот на САД,  Џозеф Бајден, пренесе Си-Ен-Ен.

Прашањето за размена на затвореници е на врвот на агендата на утрешниот самит Путин-Бајден во Женева, а двете страни најавија дека сакаат нивните граѓани да се вратат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот