Песков: Немаме ништо со кибер нападот врз „Колонијал пајплајн”

Фото: Принтскрин

 Русија не е вклучена во кибер нападот врз главната американска компанија за дистрибуција на нафтени деривати „Колонијал пајплајн”, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Русија нема никаква врска со тоа, истакна Песков коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека Вашингтон нема докази оти Русија е вмешана во кибер нападот врз компанијата, но оти има индиции дека нападот бил извршен од територијата на таа земја.

На прашањето дали Москва планира да соработува со Вашингтон по тоа прашање, тој изјави дека „САД одбиваат да соработуваат во борбата против кибер-криминалот”.

Бајден синоќа рече дека засега нема докази оти Русија е вмешана во кибер нападот врз главната американска компанија за дистрибуција на нафтени деривати „Колонијал пајплајн”, но оти има индиции дека нападот бил извршен од територијата на таа земја.

Тој најави дека ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, но додаде дека засега американските разузнавачки служби немаат докази дека Русија е вмешана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот