Песков: Нема основа за средба меѓу Путин и Зеленски

Дмитри Песков
Дмитри Песков / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Кремљ соопшти дека во моментов нема основа за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, пренесува Ројтерс.

Како одговор на прашањето за понудите на турскиот претседател Таип Ердоган да посредува во мировните преговори, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите им рече дека Владимир Путин и Володимир Зеленски можат да се сретнат само откако преговарачите од двете страни ќе „ја завршат домашната задача“.

Преговорите меѓу Москва и Киев се во застој со месеци, при што секоја страна ја обвинува другата за недостаток на напредок.

„Украинската делегација излезе од радарот, сега нема преговарачки процес“, рече Песков.

„Што се однесува до средбата меѓу претседателите Путин и Зеленски, таа е можна само откако делегациите ќе ги завршат сите домашни задачи. Ова недостасува, така што нема неопходни предуслови за средбата“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот