Песков: Москва не се занимава со „загриженоста” на некои земји во врска со референдумот

Москва нема намера да се занимава со наводната „загриженост” на некои земји во врска со уставните амандмани усвоени на референдумот, кои му овозможуваат на рускиот претседател Владимир Путин да биде на власт до 2036 година, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој потврди дека Москва е запозната со критиките на одделни држави во врска со усвоените амандмани.

– Сепак, не планираме да ги земеме предвид. Русија без никаков сомнеж била и ќе биде посветена на меѓународното право и во духот на меѓународното право. Меѓутоа, Русија првично е посветена на својот национален суверенитет, кој никако не е спротивен на меѓународното право, нагласи Песков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот