Песков: Москва е заинтересирана да се утврди причината за состојбата на Навални

Дмитриј Песков / Фото: Архива

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва е заинтересирана да се утврди причината за состојбата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е сместен во болница во Берлин и е во индуцирана кома.

Песков истакна дека Русија не се согласува со обвинувањата дека наводно станува збор за труење, и додаде дека причините за здравствената состојба на Навални, кој беше сместен во болница во Сибир пред да пристигне во Берлин, допрва треба да бидат утврдени.

– Секако дека сме заинтересирани, не помалку од другите, да откриеме што ја предизвикало комата кај пациентот кој се лекува во болницата во Берлин, а што се однесува до различните чести и избрзани изјави дека постои голема веројатност за труење, ние сме трпеливи, но во оваа фаза остро не се согласуваме со таа теза, рече Песков на прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот