ПЕСКОВ: Фактот што Бајден ја прими вакцината против корона пред камерите не е причина Путин да го стори истото
Фактот што избраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, ја прими вакцината против вирусот корона пред ТВ-камерите, не е причина за такво нешто во јавноста да направи и рускиот претседател, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето дали потегот на Бајден може да биде еден вид мотив Путин да го стори истото, Песков пред новинарите кратко изјави:
“Апсолутно не.”
Портпаролот потсети дека Путин објасни зошто не се вакцинирал за време на неговата голема годишна прес-конференција.
„Вакцината сè уште не стигнала до луѓе како мене. Ги слушам препораките на нашите специјалисти, затоа сè уште не сум ја примил. Но, јас дефинитивно ќе го сторам тоа штом ќе биде овозможено“, рече Путин минатата недела.
Песков додаде дека претседателот постојано се занимава со прашањето за вакцинацијата во Русија и дека тој е иницијаторот кој ги турка сите институции да спроведат вакцинација во сите руски региони.
ВИДЕО I Бајден јавно ја прими првата доза од вакцината против ковид-19