Песков: Бизнисмените од ЕУ продолжуваат да се интересираат за рускиот пазар

Фото: EPA/SERGEI KARPUKHIN /POOL

 Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека и покрај политичката конфронтација, бизнисмените од Европска Унија се заинтересирани да соработуваат со Русија.

– И покрај сите конфронтации со Европа и со САД, односите продолжуваат да се развиваат, бизнисот продолжува да биде заинтересиран за рускиот пазар. Руските власти продолжуваат да бидат заинтересирани за соработка со странски фирми, како и со француските бизнисмени, посочи Песков по средбата на рускиот претседател Владимир Путин со претставници на Економскиот совет на Француско-руската трговско индустриска комора.

Тоа е четврта таква средба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот