Песимистички прогнози за француската економија во вториот квартал

Во 2020 година на годишно ниво економијата на оваа земја би можела да забележи пад од осум проценти.

Економијата во Франција во вториот квартал од годината во време кога земјата полека ги укинува рестриктивните мерки , би можела да забележи пад и до 20 проценти во однос на првите три месеци од годината, се вели во проценките и статистиките на „INSEE“.

Во првиот квартал втората најголема економија во еврозоната забележа пад од 5,8 проценти во однос на претходните три месеци.

Во 2020 година на годишно ниво економијата на оваа земја би можела да забележи пад од осум проценти, при што ваквата прогноза се темели на малку веројатно сценарио за враќање на активностите на преткризниот период, пред месец јули.

По 11. мај, кога беа укинати рестриктивните мерки воведени кон средината на март, економската активност според проценките е за 21 отсто пониска од вообичаено. На почетокот на Мај била пониска за речиси една третина.

Личната потрошувачка бележи пад за шест проценти од вообичаеното во овој период од годината и покрајотворањето на вратите на трговскиот сектор за потрошувачи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот