Пешевски со фантастична партија против Лемго во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативен пикер Жарко Пешевски денеска блескаше во дресот на Штутгарт во рамките од четвртото коло од најсилната германска ракометна лига. Неговиот клуб ремизираше дома (26:26) против Лемго.

Нашиот репрезентативец против поранешниот бундеслигашки шампион беше прв стрелец во својата екипа со осум постигнати голови.

Ова е прво реми за Штутгарт сезонава и моментно е на деветтата позиција со пет бодови, два помалку зад лидерот Лајпциг.

Во наредното коло тимот на Пешевски ќе се соочи против второпласираниот во генералниот пласман, Магдебург на гостински терен.

Од денешната програма завршија и мечевите: Кил-Флензбург 29:21, Кобург 2000-Нордхорд Линген 26:29, Есен-Балинген 33:27 и Гепинген-Ерланген 27:27.

Манасков, Костески и Димитриевски први стрелци во Унгарија, Австрија и Шпанија

Прочитајте и...  Генијална акција во Холандија, фудбалери играа пред 15.000 плишени мечиња на трибините (ФОТО)

Поврзани вести

Во Романија досуден најсмешниот пенал во историјата (ВИДЕО)

Слободен печат

Лазаров даде десет гола но неговиот Нант е поразен

Слободен печат

Генијална акција во Холандија, фудбалери играа пред 15.000 плишени мечиња на трибините (ФОТО)

Слободен печат

ХУМАН ГЕСТ: Мајкл Џордан отвори втор медицински центар за лица без здравствено осигурување

Слободен печат

ФАРЕ кампања: „Фудбалски луѓе“, во организација на ФФМ и МЦКР

Слободен печат

Хамилтон: Можев само да сонувам…  

Слободен печат

Остави Коментар