Пешевска од УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност и оставки за случајот со извадени органи на родилката од Дебар

Фото: mia.mk

Понесување на одговорност, казни и оставки за случајот со родилката од Дебар на која и биле извадени органи побара Жаклина Пешевска од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

– Родилка остана без органи, министерството за здравство молчи за скандалот и се крие зад корона пандемијата. Никој не бара одговорност, а ги нема ниту гласните невладини организации. Наместо струшкото обвинителство да постапува за овој случај, постапува за Вевчански карневал, се наведува во реакцијата на Пешевска.

Министерот за здравство Венко Филипче, нагласи Пешевска на прес-конференција, треба во итна и транспарентна постапка да утврди што точно се случило со родилката од Дебар и за тоа да даде целосен извештај пред македонската јавност како и одговор на многу прашања кои се поставуваат.

– Одговорноста за овој случај, кој се случил пред пола година, досега требало да се детектира и со име и презиме кој е одговорен и веќе истиот требало да одговара. Македонската јавност очекува и бара одговор на сите поставени прашања и отворени теми од родилката од Дебар. Од тоа дека постојат домашни ординации, па сè до наводите за дадено мито и корупција. Институциите не смеат да молчат. Ова е голем скандал за кој мора да се утврди одговорност, повика претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Пешевска во име на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ повика на зачувување на правата и на репродуктивното здравје на жените.

– Ги повикуваме сите жени кои што имаат вакво или слично искуство да се обратат за помош, а ние како УЖ сме подготвени да излеземе во пресрет. За случајот повеќе не смее да има молк. За случајот треба да се спроведе темелна истрага и да се утврди кој е виновен и истиот да одговара и да даде оставка, потенцира Пешевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот