Пешак почина во сообраќајка која се случи синоќа во село Теново

Пешак од селото Теново го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 21 часот на влезот во селото. Поради сериозноста на повредите, по првично укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде им подлегнал на повредите.

 – На регионалниот пат Тетово-Волковија на влез во селото Теново, возило „ауди” со тетовски регистерски ознаки управувано од Ф.Е(60) од Тетово удрил во пешакот Г. М(61).  Пешакот поради тешките телесни повреди е пренесен со медицинско возило во Клиничката болница во Тетово. По укажаната помош поради тешките повреди Г.М е пренесен во Ургетниот центар во Скопје каде им подлегнал на повредите, соопштија од СВР Тетово.

Увид на местото на несреќата извршиле СВР Тетово и јавен обвинител со цел да се утврдат причините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот