Пешак е тешко повреден откако го удрил камион на влезот во Скопје

А.Т. (76) е тешко повреден откако во него утрово удрил камион додека го преминувал булеварот „Александар Македонски” на влезот во Скопје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, со товарното моторно возило „фолксваген транспортер”, со скопски регистарски ознаки, управувал Е.К. (32) од скопското село Батинци.

Според МВР, А.Т. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” каде му се констатирани повредите.

СВР Скопје изврши увид на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот