Пешаците небезбедни во Тетово: Седумнаесетгодишна девојка повредена во сообраќајка кај градскиот плоштад

Градски плоштад во Тетово/ Фото: МИА

Седумнаесетгодишна девојка е повредна како пешак во сообраќајна незгода што се случи вчера на крстосницата кај градскиот плоштад во Тетово.

– Вчера околу 14:45 часот на крстосницата на улиците „Страшо Пинѓур” и „Тодор Циповски-Мерџан” во Тетово, патничко моторно возило „шкода рапид” со тетовски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот А.Д. од тетовска Шипковица, удрило во 17-годишна тетовка (пешак). Таа била пренесена во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Овој месец, на 13 јануари, во Тетово имаше сообраќајка при што загина пешак 6-годишно девојче, откако било удрено од возило на булеварот „Видео Смилевски-Бато”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот