ПЕС групата министри од земји-членки на ЕУ со поддршка за Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Луксембург учествуваше на состанокот на Министрите од земји-членки на ЕУ кои се дел од групата ПЕС – Партија на европските социјалисти, каде уште еднаш образложил зошто Северна Македонија ја заслужи одлуката за почеток на преговори со ЕУ.

Состанокот, како што информираат од МНР, се одржал непосредно пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ, а со кој претседавал германскиот државен министер за Европа Михаел Рот.

Министерот Димитров, како што информираат од МНР, на состанокот образложил зошто Северна Македонија ја заслужи одлуката за почеток на преговори со ЕУ, нагласувајќи ја важноста на моментот и висината на влоговите, како за земјата, така и за регионалниот контекст, но и за самата Унија.

– Во моментов станува збор за одлука за Северна Македонија, земја која 14 години чека почеток на преговори со ЕУ, притоа решавајќи го „невозможното” на надворешен план и правејќи целосен демократски пресврт на домашен план. Но, станува збор и за политиката на проширување на ЕУ и за европската перспектива за самиот Балкан. Во суштина, станува збор за тоа дали ЕУ ќе го остави светилникот вклучен, изјавил Димитров.

Министрите присутни на состанокот, се вели во соопштението, ја повториле својата поддршка и изразиле надеж дека ќе се постигне консензус за позитивна одлука. Сепак, ситуацијата околу одлуката на денешниот министерски Совет за општи работи е неизвесна, при што не се исклучува прашањето да се префрли на Европскиот совет на шефови на држави и влади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот