Перуничиќ: Одигравме кукавички

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Селекторот на Србија, Ненад Перуничиќ по поразот од Белоријата истакна дека неговите избраници избраници не одиграле на потребното ниво и поразот е заслужен.

Селекцијата на Србија во првото коло загуби со 35:30 од Белорусија и направи чекор назад во битката за една од првите две места во групата.

– Повеќе од поразот ме боли начинок на кој загубивме. Верував дека бевме добро подготвени за противникот, но во второто полувреме отстапивме од многу работи за кои зборувавме и се договоравме, а тоа пред се се однесува на играта во одбраната. Одбраната е работа на желба, самодоверба, карактер, стабилност која на нападот треба да му овозможи подобра енергија. Одигравме кукавички, не делувавме како тим, не верувавме во камбек, а тоа еден противник како Белорусија рутински ја обезбеди победата. Превземам одговорност за поразот, бидејќи очигледно е дека не ја подготвив добро екипата, пред се на психички план – изјави селекторот Перуничиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот