Перуничиќ: Изненаден сум, одлуката за отказот е донесена пред два месеци

фото: rss.org.rs

Во текот на вчерашниот ден се случи вистински ракометен земјотрес во Србија, откако селекторот Ненад Перуничиќ пред СМС порака му врачи отказ на својот помошник Недељко Јовановиќ.

Денеска селекторот Перуничиќ го објасни случајот со некогашниот соиграч од српската репрезентација.

– Сево ова дојде како гром од ведро него. Изненаден сум бидејќи оваа одлука беше донесена пред два месеци. Пред 20 дена го објавивме списокот на кој јасно се гледаше кој е таму. Секоја почит кон новинарите и медиумите, немам што да додадам, освен дека тоа е моја одлука. Потребно е во одреден момент да изреагираш на одреден начин и не би навлегувал понатаму во тезите.

Сметам дека оваа одлука е добра за сите. На Јовановиќ му благодарам на соработката и секако му посакувам сè најдобро во животот. Не сакам да употребам ниту еден лош збор. Моите причини за почеток на соработката беа најискрени. Тука сум чист. Мојата одлука е таква и стојам зад неа. Знам дека сносам голема одговорност, бидејќи работам одговорна работа – изјави Перуничиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот