Перу нема да ја купи вакцината на „АстраЗенека”

АстраЗенека / Фото: EPA/DRAGO PRVULOVIC SWEDEN OUT

Перуанскиот премиер Валтер Мартос изјави денеска дека земјата нема да потпише договор за купување на вакцината на Астро Зенека ПЛЦ за коронавирус затоа што не обезбедила податоци за самата вакцина.

Тој рече дека владата побарала податоци за вакцината, но дека тие не ги добиле информациите, за разлика од другите лаборатории каде што се развиваат вакцините.

Мартос додаде дека е можен втор бран на Ковид-19 во земјата и покрај забавувањето на ширењето на вирусот. АстраЗенека планираше да спроведе истражување за вакцината во Перу, а Бразил соопшти  дека еден волонтер починал по клиничкото испитување на вакцината на компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот