Перу ќе потроши повеќе од милијарда долари на климатскиот план

Циклон Јаку во Перу / Фото EPA-EFE/Paula Bayarte

Владата на Перу ќе потроши 1,06 милијарди долари за климатски мерки во обид да ги спречи негативните влијанија кои произлегуваат од климатските промени.

Перуанскиот министер за економија Алекс Контрерас го објави ова за време на состанокот на владата со претседателот Дино Болуарте, истакнувајќи ги значителните ризици од климатските настани кои можат да влијаат на економското здравје на земјата. Ел Нино, климатски модел во Тихиот Океан што влијае на времето, веројатно ќе придонесе за обилните врнежи и можните поплави кои се очекуваат во Перу почнувајќи од април.

Неодамнешните дождови и поплавите што го следеа силниот циклон Јаку предизвикаа штета од над 300 милиони долари во инфраструктурата во јужноамериканската земја, рече Контрерас.

Претходно овој месец, владината агенција ЕНФЕН, која го проучува Ел Нино, издаде предупредување за крајбрежјето за, како што го опиша, неочекуван пораст на температурите на површината во Тихиот Океан. За време на состанокот на владата, премиерот Алберто Отарола рече дека очекуваното затоплување најверојатно ќе продолжи во јули, со повисоки од нормалните врнежи во април и јуни.

Перу претрпе големи временски катастрофи во последниве години. Само во 2017 година, временските услови поврзани со Ел Нино предизвикаа најмалку 162 смртни случаи и сериозна штета на инфраструктурата, вклучувајќи патишта и мостови, што е еквивалентно на два отсто од економијата на земјата, покажуваат официјалните бројки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот