Перу е ривалот на Бразил за титулата на Копа Америка (ВИДЕО)

Фудбалерите на Перу продолжуваат со фантастичните игри на Копа Америка, се погрижија златната чилеанска генерација да остане без можност за трета титула во низа и за прв пат по 44 години ќе играат во финалето.

Перу со 3:0 го совлада Чиле во второто полуфинале на Копа Америка и во финалето ќе се сретне со домаќинот Бразил од кого загуби со 0:5 во групната фаза. Едисон Флорес, Јошимар Јотун и Пауло Гереро ги постигнаа головите со кои Пери за прв пат по 1975 година ќе игра во финалето.

Ова ќе биде трето финале за Перу на Копа Америка, во 1939 година триумфираа кога беа домаќини, а во 1975 година најдобрата генерација во историјата на „Инките“ предводена од Кубилјас беше подобра во двата финални натпревари од Колумбија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот